речник контакт

Започна преуредувањето на старата железничка станица во Стоби, за Центра за посетители

Преуредувањето на објектот на стара железничка станица се финансира од ЕУ преку ИПА фондовите за меѓу гранична соработка со Грција

Петар Печков

Започна да се обновува старата железничка станица во Стоби, која ќе биде намената во Центар за посетители. Со ова се реализира проектот  за Конзерваторско – реставраторски работи и конструктивно зајакнување на објектот на  Стара железничка станица и нејзина адаптација.

Проектот се финансира од ЕУ преку ИПА фондовите за меѓу гранична соработка со Грција. По завршувањето ан градежните работи и уредувањето на објектот, конечно ќе има простор каде ќе се изложи пронајденото движно наследство од локалитетот.  

„Во изминатите години се покажуваше  неопходност од  потреба за центар за посетители имајќи предвид дека движниот културолошки слој нашите посетители немаат прилика да го видат. За постојниот  објект Стара железничка станица, од основањето на НУ Стоби бил изготвен проект и план за ставање во функција како центар за посетители, аплициран повеќе пати во соодветни владини програми за финансирање на проекти од национален интерес во културата односно капитални проекти.  Средства не биле одобрувани се до донацијата од Европската Комисија преку телото за управување и развој на ИПА преку граничната програма  со  Грција. Стручниот тим на НУ Стоби работи на креирање поставка “ - изјави Спасе Перовски директор на НУ Стоби.

Центарот за посетители ќе ја збогати туристичката презентација на археолошкиот локалитет Стоби, ќе придонесе во зголемувањето на сопствените приходи на установата. 

Бројните посетители немаат можност да ги видат досега пронајдените предмети и артефакти локалитетот.  Назив на  проектот  е „Еуропос Платино Стоби - Европското минато иднина и културни вредности“.

фото ФБ/ НУ Стоби

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »