Петар Печков
Објавено: вторник, 12 мај 2020
Започнаа градежните активности на втората и завршна фаза на проширување и асфалтирање од регионалниот патен правец од село Голозинци до раскрсницата за Горно Врановци и Јаболчиште. Трасата е во должина од 5.5 км и ширина на асфалтна коловозна лента од 5 метри. Проектот е финансиран од програмата на Јавно Претпријатие за Државни Патишта во висина од 50 милиони денари.
После минатогодишното асфалтирање на 5.7 км од населба Чашка до село Голозинци со оваа завршна фаза жителите од населените места по течението на река Тополка конечно добиваат комплетно проширена и модерна патна мрежа која последен пат беше асфалтирана во далечната 1982 година. Модернизација на патната инфраструктура во Општина Чашка во голема мера ќе го олесни животот на граѓаните од овие населени места - изјави Горан Стојановски, градоначалник на Општина Чашка.
Изведувач на градежните активности е ЈП “Македонија пат" кој согласно градежната динамика оваа завршна фаза треба да ја заврши во следниве три месеци.
Tweet |