речник контакт

Започна со работа дополнителната канцеларија каде ќе се издаваат готовите лични карти и возачки дозволи (фото и видео)

Работното време е од 8 до 16 ч

Петар Печков

Од денес, сабота започна со работа дополнителната канцеларија за издавање на  лични документи во Велес. Таа е лоцирана во објектот на ТППЕ Велес во просторијата каде пожарникарите имале спортски активности , веднаш до Одделението за управни работи, каде се примаа документи и издаваа готовите.

Таа ќе работи секој работен ден од 8 до 16 ч. таму ќе се подигнуваат готовите лични карти и возачки дозволи, додека готовите пасоши ќе се издаваат во просторијата каде се доставуваат документи и се врши фотографирање за истите.  

Причината што патните исправи се подигнуваат на постојната канцеларија, според објаснувањето од Службата за управни работи,  е што немаат можност да се префрли базна станица за земање на отпечаток од прст за пасошот, при  негово подигање.

Ова доаѓа откако Советот на Општина Велес донесе одлука за отстапување на користење просторија на службите на СВР Велес, со цел намалување на гужвите. Таа е од времен карактер, најмногу до шест месеци,за да се избегнат гужвите при издавање на готовите лични документи. 

Оваа одлука излезе во Службен гласник на Општина Велес  по што  градоначалникот со належените од МВР потпиша договор за  меѓусебните права и обврски.

Тврдењата на некои читатели на ТрМр дека од кол центарот каде се јавиле на 072/929292 и им било кажано дека штом се од Велес не треба да се пријавуваат за нови лични документи,  туку да одат директно во Одделението, од страна на претставници на МВР беше речено дека тие не знаат за таква можност и ќе ја проверат. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »