речник контакт

Започна судењето за грабнувањето на Опашот

Обвинетите се бранеа со контрадикторни изјави, таткото дека гркот Јулиј стои зад ова, додека синот имаше алиби дека во кричниот мометн бил на друго место. Ангел Стојанов и по четири месеци го нема

Петар Печков

            Во тензична атмосфера започна судењето на таткото и синот Перо  и Борис Н. од Велес кои се обвинети за грабнување на Ангел Стојанов ( 25 год)  викан Опашот. Неговите родители и роднини го искористија соочувањето со обвинетите, јавно да ги прашаат каде е нивниот син. Од друга страна блиските на обвинетите ги прозава роднините на Опашот дека ги нападнале не само вербално туку и физички по завршувањето на судењето.

Обвинетите се бранеа со контрадикторни изјави од истрагата,  дека тие не го сториле делото, таткото Перо ( 49 го)д тврдеше дека зад тоа стои некој грк, додека синот Борис  ( 24 год) имаше алиби дека во критичниот момент бил со другар на друго место. И двајцата се жалеа дека исчезнатиот подолго време им правел проблеми во животот а никој од надлежните не преземал никакви мерки да ги заштити.

Гркот Јулиј го однесе некаде Ангел. Тој и го тепаше, го смести во гепекот од автомобилот, за потоа кога го однесовме кај Бабуна сам ја зема колата отиде и по некое време се врати. Не кажа ниту каде го однел, ниту што направил со него. Кога го смести во багажникот Ангел беше жив. Јулиј ми е пријател и долго време живеам со него. Тој пренесува автомобили од Македонија во Грција и Албанија и користи диви премини,затоа нема документи дека некогаш бил во земјава. Морам да кажам дека Опашот пред мои очи ми го запали автомобилот, ми се закануваше по семејството. Иако за ова пријавува во полиција ништо не беше преземено – рече Перо Н. во неговата одбрана.

Тој и неговиот син како словенечки државјани за тортурата што Опашот им ја правел ја известиле и нивната амбасада во Скопје. Во изјавите на двајцата обвинението имаше многу контрадикторности, како меѓусебно, така и со тоа што го кажале во истрага.  Перо во истрага тврдел дека тој ја возел колата кога Ангел бил киднапиран, за сега тоа да го порекне. Борис тврдел дека имале заеднички ручек, додека таткото велел дека тоа време бил во Гевгелија со Јулиј.Во соочувањето таткото и синот се бранеа дека денес пред судот ја зборуваат вистината, додека тоа што го кажале во истрага биле или пијан - таткото Перо  а синот Борис бил преморен и изнемоштен од  долгото испрашување.   Во корист на Борис Н. сведочеше неговиот другар  Тамер Мандак.

Јас  со Борис се сретнав околу 19 часот и бевме заедно вечерта. Во критичниот момент бевме на Бензинската пумпа на Макпетрол во центарот на Велес, има снимки кои може да посведочат – рече Тамер.

Пред судот се појавија и неколку сведоци од тепачката, која претходела на грабнувањето. Еден од нив поради темнината не можеше да ги препознае, додека другиот потврди дека таткото Перо е еден од учесниците, додека вториот не можеше да го идентификува. Според обвинението на 7-ми март годинава околу 19 часот, на паркингот  пред влезот во Градскиот пазар Перо и Борис Н. го претепале со дрвени мотики Ангел Стојанов опашот, откако тој се заканувал да стори нови кривични дела против нив и нивниот имот. Полицијата има и поднесено кривична пријава  за опожарување на автомобил, но процесот е далеку од почеток.

Судењето продолжува а судот побара да се обезбеди снимка од Бензинската пумпа на Макпетрол ,дали критичната вечер  сведокот Мандак бил заедно со Борис Н. за да го поправа автомобилот. За родителите на Ангел Стојанов, обвинетите се убијци и бараат да откријат каде го сокриле нивниот син.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »