Петар Печков
Објавено: вторник, 03 септември 2019
Во велешките основни средни училишта на 3-ти септември започна учебната 2019/20 година. Откако вчера СОНК го одржа предупредувачкиот штрајк, денес со редовна настава започнаа 6.985 ученици.
Од нив, според бројките на локалната власт, во основното образование 4.908 и 2077 средношколци. За прв па во училишните клупи седнаа и 436 првачиња. Наставата се одвиваше редовно и без проблеми.
Споредбено со лани, годинава има 312 ученици повеќе, а 117 првачиња помалку. Со настава започна и новото основно училиште Панко Брашнар, во кое се споија ОУ Благој Кирков и ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот.
ТрМр им посакува на сите ученици успешна година, нека остане знаењето и спомените и другарството.
фото ССОУ Коле Неделковски
Tweet |