Петар Печков
Објавено: понеделник, 04 септември 2017
Започна учебната 2017/18 година. Во седумте основни училишта во Општината и четирите средни, на училиште во велешко тргнаа 6.733 ученика основци и среднисти. Успешна година им посака градоначалникот Чадиев.
На секој почеток се посакува многу успех, да учат да се социјализираат бидејќи ова е почеток на долг образовен процес. Барам и трпение до родителите бидејќи децата се наоѓаат секогаш пред предизвик, да го трасираат животниот пат. Во Општина Велес има 470 првачиња што е 17 повеќе од лани. Учебната година започна без проблеми со обезбедени се што е потребно за старт, ако се јават проблеми ќе ги решаваме во од – рече градоначалникот Чадиев.
И додека тој се пофали дека годинава имало повеќе прво одделенци од лани, бројките кои минатата година беа презентирани од локална власт посочуваа дека во прво одделение тогаш тргнале 580 првачиња, а пред две и три години бројката се движеше околу 600. Или годинава имало стотина помалку додека градоначалникот тврди годинава имало повеќе од лани.
Вкупно во основно образование на настава тргнаа 4 532 ученика, додека во средно образование настава започнаа 2201 ученик. нема податоци колку ученици се запишаа во прва година средно.
Tweet |