Петар Печков
Објавено: петок, 15 декември 2023
Во Велес започна Скулпторската колонија „2023“ на која учествуваат шест автори, сите од Македонија. Учесници се Ибрахим Беди, Ангел Коруновски, Марјан Стојаноски, Дамјан Ѓуров, Филип Коруновски и Слободан Милошески.
„Колонијата прераснува во еден симпозиум. Како дел од содржините беше панел дискусијата „Велес отворена галерија“ на тема „Скулптурата во јавниот простор“. Дискутиравме што е јавна скулптура, какви се нејзините цели. Авторите учесници на колонијата во продолжение ќе работат дома, во своите ателјеа, каде најприродно се чувствуваат. Претходно го разгледавме градот и можни локации каде би се поставиле скулптурите. Имавме проекција на арт филм, „strugle“ за полски скулптор“ - кажа Ангел Коруновски учесник на колонијата.
Авторите треба да ги изработат нивните дела до месец февруари. Организатор на „Скулпторската колонија 2023“ е Здружението на граѓани „Папрадишки мајстори“ а финансиски поддржано од Општина Велес.
Tweet |