Петар Печков
Објавено: четврток, 23 февруари 2012
Во сабота во 19,30 часот велешкиот театар ги отвара вратите за љубителите на Талија. Со претствата Онегин од Пушкин започнува новата сезона. Оваа претстава ќе биде и наредните десетина дена на репертоарот.
Во неа настапуваат Васил Зафиречев, маја Љутков,Роберт Ристов, Кети Борисовска, Кица Ивковска, Весна Димитровска, Славица Манаскова, Самоил Стојановски, Љубе Терзијев, Кирил Гравчев, Јордан Витанов и Едмонд Сотир. Сцената и костимите се на Валентин Светозарев, а изборот на музиката од Чајковски е на режисерката Ѕвездана Ангеловска.
Грандиозна, екстравагантна, раскошна, такви се реакциите за претставата ,,Онегин,, од Пушкин која во велешкиот театар, за прв пат се игра на македонските сцени
Tweet |