Петар Печков
Објавено: понеделник, 12 октомври 2026
Co засадување на 40 садници околу рекреативниот центар Дворови, акцијашите одбележаа 40 години од Сојузната работна младинска акција „Титов Велес 1986“. Учествуваа некогашни акцијаши, кои пред 4 децении биле во Велес но и нивните наследници на акцијаштвото.
„Учествуваа сите здруженија на акцијаши од Македонија од Крива Паланка, Штип, Битола, Куманово, од Србија гости имавме од од Ниш, Јагодина, Смедерево, Кикинда, Бела Црква, од БиХ од Вареш и Бреза иод Словенија од Словенградец. Засадивме 40 садници, зимзелени и листопадни дрвја кај Железен мост. Во засадувањегто ни помогнаа и вработени од ЈКП Дервен“ – кажа Горан Петков претседател на дружението „Акцијаши ветерани“ од Велес, организатор на собирот.
Имале 90 гости од страна и 30-тина учесници од Велес. Тие два дена беа смесени во Средношколскиот дом, Интернатот „Лазар Лазаревски“.
Садниците ги обезбедила локалната власт, Општина Велес, 30 се туи и 10 каталпи.
Акцијашите положиле цвеќе пред споменикот на Кочо Рацин во дворот на Гиманзијата, чие име го носи бригадата и положиле на цвеќе на Спомен Костурницата
Акцијата која се одржа пред 40 години беше сојузна со учество на 11 бригади од повеќе градови на тогашна Југосваија и од Германија, деца на иселеници но и германци кои го поддржувале акцијаштвото. Се работело на повеќе локации на засадување на садници по околните голи ридишта, кај езеро. Бригадирската населба била во ОУ Васил Главинов.
| Tweet |













