Петар Печков
Објавено: вторник, 13 август 2019
Две велешки аптеки затворени, поради нелегална работа на сопственикот. МВР и Агенцијата за лекови констатирале сериозни пропусти во работата.
На 8.8.2019 СВР Велес во координација со Одделот за криминалистичка полиција и Агенцијата за лекови и медицински средства при Министерството за здравство изврши претрес во две аптеки и дом, сопственост на В.Ј.. Во аптеките е откриено незаконско работење околу набавка на лекови и издавање на лекови без рецепти на уживатели на наркотични дроги во големи количини - информираа од МВР.
Од Агенцијата за лекови дополнија дека бил извршен координиран вонреден инспекциски надзор во ПЗУ аптека Вел фарм од Велес и ПЗУ аптека Вел фарм 2 од Велес.
,,Од извршените надзори се констатирани неправилности во работењето на двете аптеки, меѓу другото е утврдено дека на пациентите се издавани лекови без рецепт кои припаѓаат на групата антибиотици, седативи и аналгетици со опијатно дејство со што е постапено спротивно на одредбите од Законот за лековите и медицинските средства,, - информираа од Агенцијата за лекови.
Од страна на Агенцијата за лекови изготвени биле записници за затворање на аптеките. При претресот биле одземени предмети, докази во врска со овој случај. Известен бил и јавен обвинител и по документирање на случајот ќе се поднесат соодветни поднесоци.
Tweet |