Петар Печков
Објавено: вторник, 10 септември 2013
Во петочната акција на инспекторите на УЈП во Велес затворени се пет продавници, четири книжарници и една продавница за училишни ташни. Во писменото известување од Управата за јавни приходи стои,
,, Зголемената потрошувачка на стартот на училишната година, одредени трговци на мало се обидуваат да ја искористат за бесправно да профитираат на сметка на неплаќање на даноци и лојалната конкуренција.
Во дводневната акција на УЈП, изречени се казни за 33 објекти (книжарници, трговија со детска облека и обувки и др.) каде наместо зголемен промет вообичаен за овој период на годината, поради подготовката на најмладите за првите училишни часови, овие трговци прикажувале помала потрошувачка на нивните производи со нерегистрирање на готовинските плаќања и неиздавање на фискални сметки.
Во зависност од прекршокот, сите објекти каде се утврдени нерегуларности во даночното работење во Скопје, Тетово, Штип, Прилеп, Велес, Струга, Охрид и Кавадарци изречени се глоби кои се движат до 3250 евра, како и затворање на деловните простории од 15 дена или од 30 дена,,.
Tweet |