Петар Печков
Објавено: среда, 21 декември 2016
Велешанецот А. А. е осуден на четири и пол години затвор за силување на поранешната сопруга и нејзино грабнување. Тој беше прогласен за виновен во Основен суд Велес за две дела, силување за што доби 4 години два месеци и за противправно лишување од слобода за што доби 11 месеци затвор, или во единствена казна од 4 години и шест месеци, пресудата е правосилна, Апелација ја потврдила.
Настанот се случил на 29 јули 2014 година околу 18,30 часот, кога во такси возило ја видел неговата поранешна сопруга. Тој исто така бил во автомобил а биле на бензинската кај семафорите. Се паркирал зад возилото во кое била оштетената, излегол од неговото возило, со влечење ја однел поранешната сопруга од таксито до неговото возило и со сила ја внел иако таа давала отпор.
По ова А.А. заминал со автомобилот кон Градско, запрел на нива и со сериозна закана по нејзиниот животот и нејзините блиски ја силувал. При тоа користел и дрвено секирче со закана дека ќе ја заколе и тука во полето ќе ја закопа. Обвинетиот го негира силувањето, тврдејќи дека тој со поранешната сопруга често се гледал и дека имале сексуални односи, исто како што била критичната вечер.
Судот ова тврдење го отфрли, а како доказ во прилог на силувањето се снимките од бензинската каде се гледало како и на кој начин оштетената е изведена од таксито во автомобилот на нејзиниот поранешен сопруг.
Tweet |