речник контакт

Затвор за крадците, закани по полицаецот што ги пукаше

Двајца скопјани добија по една година затвор за тешка кражба, кога при обидот за бегство беа застрелани а по изрекувањето на пресудата се слушнаа тешки закани за учесниците во настанот.

Петар Печков

 Јасмин Куч ( 22 год) и Алмедин Хаџибулиќ ( 26 год)  беа прогласени за виновни оти на 10-ти јануари годинава од продавница за компјутери во центарот на  Велес однеле стока вредна пет илјади евра Јасмин Куч пред судијата го признал делото и изразил каење за стореното дело. Алмедин Хаџибулиќ  негирал дека е учесник, тврдел дека тој само седел во автомобилот и ,,се нашол на погрешно место со погрешни луѓе,,. По изрекувањето на пресудата во судницата бура од реакции од родителите на обвинетиот Хаџибулиќ, кои испорачаа сериозни закани  кон полицаецот кој пукал.

     

 Моето дете остана инвалид. Јас ќе му пресудам на тој што пукал, нема да го оставам така да се шета. Ќе не запамети – изјави таткото на Алемдин Хаџибулиќ. Слични зборови, закани  изговори и неговата мајка,  упатени на истата адреса. Потоа продолжија и кон обвинителката, на која и порачаа да се засрами затоа што ја работи таа работа. По ова мораше да интервенира судската полиција која на барање на судијката ги истера агресивните родители  надвор  од зградата на Основниот суд Велес.

 

Според обвинението настанот се случил  на почетокот на годинава, околу еден часот по полноќ, кога од продавницата ,,Мастер нет,, биле видени како крадат техничка стока, компјутери, лцд  телевизори и лап топи. Очевидец на ова бил полицаец, кој не бил на служба. Тој  иако неколку пати викнал да застанат, маскираните крадци се обиделе да избегаат  со  автомобилот ауди 80, паркиран спроти салонот. По ова тој испукал неколку куршуми кон нив а тие се дале во бегство. Беа фатени откако побарале помош поради прострелните рани  во Градска болница во Скопје а крвна група на Куч  се совпаѓала со таа пронајдена при кршењето на влезната врата од салонот.

 

Дека кражбата е сторена по однапред смислено сценарио, обвинителството заклучува и од тоа што автомобилот со кој избегале подоцна е најден запален во месноста Каменолом во близината на Скопје каде имало и неколку од украдените лап – топи.  Бранителот на Хаџибулиќ, адвокатот Коста Нојков побара неговиот клиент да биде пуштен од притвор бидејќи е тешко повреден при престрелката и нема соодветна лекарска грижа во затворската болница во Шутка.

 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »