речник контакт

Затвор за 1 кг. марихуана

Двајца дилери на дрога добија 27 месеци затвор за препродажба на еден килограм марихуана.

Петар Печков

Оваа пресуда е изречена во Основниот суд во Велес а Дејан Терзијов ( 27 год) доби 15 месеци додека струмичанецот Кире Китанов ( 32 год) доби една година затвор.

Тие биле фатени од велешката полиција на 20 мај кога Терзијов му ја препродавал марихуаната на Китанов, на автобуската станица во Велес.

И на двајцата обвинети им е укинат притворот а одземени им се патните исправи, до правосилноста на пресудата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »