речник контакт

За Јован Вранишковски 2,5 години затвор и да врати 250 илјади евра

Екс владиката Јован Вранишковски доби двеипол години затвор и обврска на МПЦ да и врати 15 милиони денари оштета, плус камата за пет години за кривичното дело затајување, во судскиот процес кој траеше пет години во Основниот суд во Велес.

Петар Печков

Екс владиката Јован Вранишковски доби двеипол години затвор и обврска на МПЦ да и врати 15 милиони денари оштета, плус камата за пет години за кривичното дело затајување, во судскиот процес кој траеше пет години во Основниот суд во Велес.

Ова е трета пресуда за ова дело, претходните две  донесени од сега разрешениот судија Валентин Зафиров беа ослободителни. Судијката Тања Милева го прогласи за виновен Враншковски бидејќи во периодот 24.06.1998 до 09.07.2002 кога беше владика на МПЦ во три нејзини епархии, Преспанско-Пелагониската, Повардарската и Брегалничката, противправно  присвоил 21 милион денари. Разликата од шет милиони денари,  колку што црквата смета дека е оштетена и колку судот пресуди да и се врати, МПЦ треба да ја бара во граѓански спор. Вранишковски според обвинението парите кој му биле давани на рака од различни цркви и манастири ги присвоил, со нив купувал луксузни возила кои потоа биле продавани или просвоени од негови блиски луѓе.

За финансиските малверзации ги користел хуманитарнтие организации и црковни економии, со кои раководеле негови блиски роднини. Злоупотребувани се и донации и народни пари наменети за изградба или реновирање на храмови. Вранишковски додека доаѓаше на судскиот процес се бранеше дека трошењето на пари во Црквата не е предмет на работа на обвинителството и судот, дека таа е одвоена од државата и кај нив не се води книговодство.  Вранишковски година и половина не е во Македонија, тој откако одлежа затвор за други две кривични дела ја напушти земјава.

\"\"

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »