речник контакт

За Балаклија, гостилница Боем и донаторите на велешани им поделија илјада сендвичи

Велешани во редици за бесплатен оброк

Петар Печков

Поради опасноста од ковид-19, годинава изостана традиционалната и масовна прошетка и посета на манастирот СВ. Димитрија.

Го немаше ниту лепињето со плескавица и  со лименка пиво. 

Затоа пак гостилница Боем, заедно со донаторите подготвија и подарија илјада лепиња со плескавица. 

Дел од нив беа донација на велешанецот  Трајче Папазовски и на Ердован Етовски.   

Оброкот се делеше во терминот од 11 до 13ч со помош на волонтерите од Општинскиот Црвен крст на Велес а фотографиите говорат, каков интерес ова предизвика. 

Ваква храна, празничен оброк, гостилница Боем  со донаторите, делеше и за Божик и за Велигден.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »