речник контакт

За Велигден во Велес во кои цркви ќе има саботна богослужба

Познати се вечерните термини за одржување на свечена литургија за Велигден

Петар Печков

Велешкото архијерејско намесништво при Повардарската Епархија на МПЦ-ОА на нивната веб страница информираше каде ќе има богослужби, во кои цркви, во сабота навечер за Велигден, но и за деновите потоа.

11.04.2026 год.  Света Златоустова Литургија во црквите „Св. Вознесение Христово“ (Св. Спас), „Св. Јован Крстител“, „Св. Кирил и Методиј“ и „Св. вмч. Пантелејмон“, каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел со почеток во 23.00 часот

12.04.2026 год. (Воскресение Христово - ВЕЛИГДЕН) Света Златоустова Литургија во црквите „Св. Богородица“ и „Св. Кирил и Методиј“ со почеток во 07.30 часот, читање на Воскресенското Евангелие на разни јазици во црквата „Св. Кирил и Методиј“, каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел со почеток во 09.00 часот;

16.04.2026 год. (СВЕТОЛ ЧЕТВРТОК) Празнична Вечерна богослужба во манастирот „Св. вмч. Димитриј“, каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел со почеток во 18.00 часот;

17.04.2026 год. (ИСТОЧЕН ПЕТОК - БАЛАКЛИЈА) Света Златоустова Литургија со Воскресенски Водосвет во манастирот „Св. вмч. Димитриј“, каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел со почеток во 08.15 часот.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »