Петар Печков
Објавено: среда, 21 август 2019
Крводарителска акција, беше една од содржините со кои Општина Чашка го одбележа денешниот ден, 21 Август Денот на Општината.
За пет часови,колку што траеше акцијата, во просториите на ОУ Тодор Јанев, жители од населбата Чашка, но и од соседните населени места беа дарувале 20 крвни единици, од нив 17 беа од мажи и 3 од жени.
Од организаторот Општинскиот Црвен крст на Велес, информираа дека о ва е трета крводарителска акција во 2019 година реализирана во Чашка. Досега во сите три дарувани се вкупно 74 единици.
Tweet |