Петар Печков
Објавено: вторник, 09 јануари 2018
Коледарските огнови во Велес, направија штета на општинскиот имот. На две локации во градот, изгорени се млади садници и урбана опрема. Во Градскиот парк, каде некој запалил коледарски оган, користел како материјал, пластика, шишиња но и млади садници.
Вандалзимот во Градскиот парк продолжува. За време на Коледе, група несовесни граѓани, таму запалиле оган и поради недостиг на дрва, користеле дел од засадените зимзелени дрвја. Откорнати се и запалени пет садници - изјавија од ЈКП Дервен. Така од неодамна засадените 40 нови млади садници, останаа само уште четири, оти 31 претходно беа украдени.
Во дворот на ОУ Васил Главинов пак уништена е дел од урабаната опрема. Изгорени се клупите за седење, поставени околу боровите.
Еве што користеле коледарите за палење на огнот. И каде тие утре ќе седнат да одморат,кога ги искористиле овие клупи за оган. Жално е што некои наши сограѓани немаат никаков однос кон градскиот имот,за кој сите плаќаме - велат соседите.
Локалната власт на Велес не ги забрани Коледарските огнови во градот, но забрани да се користи опасен отпад, пластични шишиња, гуми, кабли.
Tweet |