Петар Печков
Објавено: вторник, 15 ноември 2022
Кај највозрасната популација,членови на Здружението на пензионери, денес се изврши прегледи за мерење на крвен притисок и ниво на шеќер во крвта. Прегледите беа бесплатни. Со ова се одбележа 14 Ноември Светски ден за борба против дијабетес.
„Овие прегледи кај лицата од трето доба, беа дел од активностите од Неделата за грижа на стари лица и се реализира под мотото „Сите сме нивни деца“ - кажа Орце Николов секретар на ОО на Црвен крст Велес, која беше организатор на настанот.
Можноста за бесплатните прегледи во Здружението на пензионери ја искористиле 50-тина лица. Освен преглед тие добиле и совети за своето здравје.
Tweet |