речник контакт

За Св. Никола во Велес хуманитарно поделени 900 оброци ручек

Ова е шеста година како се организира овој настан, гостилница Боем заедно со Здружението „Нула гладни во Велес“. Имаше и Дедо Мраз кој делеше пакетчиња и подароци, но и понуда на греано вино

Петар Печков

И годинава за Св. Никола гостилницата Боем организраше бесплатен ручек за велешани. Беа поделени 900 оброци на посна храна, како што е редот за овој христијански празник. Донацијата беше за сите кои дојдоа денес на пладне на штандот пред гостилницата.   Ова е шеста година како се организира овој настан, заедно со Здружението „Нула гладни во Велес“.  

На штандот годинава имаше и греано вино, донaција од м-р Димче Купенков. 

Оброците беа поделени од страна на волонтери на Општинската организација на Црвен крст Велес. 

Годинава беше присутен и  веселиот Дедо Мраз, кој подарените новогодишни подароци од хуманите граѓани и обезбедените новогодишни пакетчиња од донаторите, ги поделија на лицата од ранлива категорија. 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »