речник контакт

За Св. Трифун Љубојна во Младински парк во Велес

Во Кавадарци навечер Нокаут а во Неготино на пладне Некс тајм. Koj ce ќе настапи во Велес

Петар Печков

Групата Љубојна ќе ги забавува велешани на 14 февруари, на Св. Трифун. Забавата која ја организира Општина Велес започнува во 12ч. во Младински парк.

Ќе настапат фолклорисите на Керамичар, Коле Неделковски и Вила Зора, детскиот хор Св. Кирил и Методиј, групите Стакато и Екстрим, потоа Игор Димовски – пауза за ракија. Љубојна е предвидена да има свирка од 20,45ч. Во овој период во Младинскиот парк ќе бидат отворени и куќарките, каде понуда за храна, варено вино и ракија ќе имаат винарија Тристо, Вајн галери, Олд скул, сендвичарите Рико и  Рифреш бар.  

Сабота забава ќе има и во Кавадарци и Неготино. Во Кавадарци на плоштад од 19ч. ќе настапи групата Нокаут а во Неготино Некс тајм од 12,30ч. во старата чаршија

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »