речник контакт

За безбедносната состојба во Велешко, лани три убиства

Во сообраќајните несреќи загинале осум лица, исто толку извршиле самоубиство

Петар Печков

Каква беше безебдносната состојба во велешко минатата години, низ бројките на СВР Велес. Податоците се добиени по поставени прашања од ТрМр.

Фокус на состојбата е преку случени најтешките кривични дела убиства и случени сообраќајни несреќи. Останатите податоци, за тешки кражби, кражби, нарушувања на јавен ред и мир, по добивањето на годишниот извештај за работата на ПС Велес.
 

На подрачјето на општините Велес, Градско и Чашка, во 2025 година, во СВР Велес биле евидентирани три кривични дела „Убиство“ казниво по член 123 од Кривичниот законик, од кои:
- едно кривично дело „убиство при семејно насилство“ казниво по член 123 став 2
точка 2 од Кривичниот законик, случено на подрачјето на Велес (убиството на Росица Коцева)
- едно кривично дело „убиство на свиреп и подмолен начин„ казниво по член 123 став 2
точка 1 од кривичниот законик, случено на подрачјето на Велес (убиството на Киро Коцев)
- едно кривично дело „убиство од користољубие“ казниво по член 123 став 2 точка 4
од Кривичниот законик, случено на подрачјето на Чашка ( убиството на Ѓело Гошев)

На подрачјето на општините Велес, Градско и Чашка , во текот на 2025 година се случиле вкупно 358 сообраќајни несреќи. Во несреќите осум лица го загубиле животот, а 212 лица се здобиле со повреди, од кои 42 со тешки телесни повреди, а 170 со телесни повреди.

На подрачјето на СВР Велес, конкретно во општините Велес, Градско и Чашка, во текот на 2025 година биле евидентирани осум  случаи на самоубиства, во кои седум од жртвите биле мажи, а една била жена.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »