речник контакт

За грижа за децата од улица

Во Велес регистрирани три случаи. Надлежните за повеќе грижа за децата на улица

Петар Печков

Се потпиша меморандум за соработка на неколку  релевантни институции околу решавање на проблемот со децата на улица. Меморандумот го потпишаа Општина Велес, Меѓу општинскиот центар за Социјална работа, ЈЗУ Здравствен дом, Министерство за внатрешни работи – Сектор за внатрешни работи и ЈЗУ Општа болница. Соработката помеѓу страните потписнички се  состои во контрола, евиденција, обезбедување, здравствена нега на децата од улица и се    темели на над десетина принципи.

Целта на меморандумот е  заштита на овие деца, нивно оттргнување од улицата и целосно вклучување во општеството, а во согласност со Законот за правата на децата.  За среќа во општината нема голем број на деца  оставени на улица. Но има случаи , според информациите од надлежните, тие  се носат од други градови да просат во Велес -  изјави градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев.  

Во Велес, според надлежните институции,   регистрирани се три случаи ан деца на улица

Овие деца кои ќе бидат пронајдени на улица, здравствено ќе бидат испитани во нашата здравствена установа.  Ќе се испитаат за СИДА, хепатитис Б и Ц и присуство на наркотични и токсични средства – изјави д-р  Атанас  Василев, директор на ЈЗУ Општа Болница Велес. 

Воедно со склучувањето на овој Меморандум ќе се обезбеди соработка за мапирање на териториите каде престојуваат децата кој најголем дел од времето го поминуваат на улица и манифестираат асоцијални поведенија.

Ќе се направи и анализа на потреби и проблеми на овие деца, организирање на кампањи со цел зголемување на јавната свест и достапност на информации од здравствените работници кои можат да откријат повеќе појави кои претставуваат злоупотреба на деца.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »