речник контакт

За два дена на Инфективно излекувани седум пациенти и се пуштени дома

Денес нема нов случај на позитивен со ковид -19 во Велес

Петар Печков

За два дена од Инфективното одделение при велешката Болнциа отпуштени се седум пациенти. Откако  минаа 14 денови и примале соодветна  терапија, овие лица кои имаа корона вирус, замина дома како оздравени.

Вчера четири пациенти и денес три се отпуштени, од Инфективното одделение,  откако два последователни теста биле негативни на ковид-19 - изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес. 

На ова одделение денес имало 19 пациенти, од нив 16 се позитивни а три лица ги чекаат резултатите а се згрижени оти ги имаат симптомите на ковид-19.   Од Центарот за јавно здравје Велес информираа дека   изминатите 24 часа не е регистриран нов случај на Ковид-19 на територијата на град Велес и има 50 активни случаи на лица со корона вирус. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »