Петар Печков
Објавено: понеделник, 16 август 2021
Вчера- недела и денес понеделник, во Велес се изведе големата летна крводарителска акција. Тaа годинава беше 28-ма по ред.
За два дена се собрани 113 крвни единици, во неделата 58 а денес, понеделник 55. За два дена имало седум нови крводарители. Организатор беше Општинската организација на Црвен крст Велес, и ја оценуваат акцијата како успешна.
„Имаше повеќе лица кои беа вакцинирани, со втора доза со „Синовак“ и тие не можат четири седмици по приемот ан вакцината да даруваат крв. Тие беа вратени и затоа овие 113 собрани единици се максимум на овие летни горештини“ - кажа Орце Николов, секретар на ОО на Црвен Крст Велес. дополни дека за седум месеци годинава собрани се повеќе од две илјади, и веќе е исполнет годишниот план од 1.861 крвна единица
Крводарителската акција се изведе во Ликовен салон во соработка со Институтот за трансфузиона медицина до Скопје, Најуспешна беше таа во 2010-тата кога беа собрани рекордни 383 крвни единици.
Tweet |