Петар Печков
Објавено: недела, 20 август 2023
Двата дена од големата летнa крводарителка акција која се одржа во Велес во Ликовнито салон, се собраа 172 крвни единици. Организаторот Општинската организација на Црвен крст Велес ја оценува како мошне успешна.
Првиот ден, петок се собраа 47 а вториот ден, денес, недела 125 крвни единици. Од таму изразија огромна благодарност до сите крводарители кои не ги поколеба ниту топлото време и се одѕваа на повикот во голем број.
Нови дарители во двата дена се вкупно десет, два во петокот и осум денес.
Причина што се одржува во два одвоени дена е желбата на дарителите,некои од нив барале да биде во работен ден, за да можат викендот да бидат слободни, други во викенд бидејќи поради работни обврски не можеле да даруваат крв.
Акцијата беше организирана во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Таа беше 31 по ред.
Tweet |