речник контакт

За два месеци летово, собран повеќе отпад од дивите депонии околу Велес, отколку за цела ланска година

Приодите на градот се мета на несовесни граѓани кои на отворено го фрлаат отпадот, на места каде не е дозволено.

Петар Печков

Летово вработените од ЈКП Дервен исчистиле повеќе депонии со отпад, кои ги создадоа граѓаните на Велес, со одлагање на сметот на места каде не е дозволено.  За овие депонии имаше  реакции за ниската свест на дел од сограѓаните, по што овие два месеци се пријде на нивно расчистување.

„Исчистен е сметот  во близина на депонијата за олово- цинковна руда и депонијата кон селото Раштани. При ова собрани се 1.337 м3 отпад. Истовремено вработените од комунална хигиена чистеа и повеќе депонии со смет во градот, при што се собрани 102 м3 отпад“ - кажа градоначалникот Аце Коцевски.   

Приодите на градот се мета на  несовесни граѓани  кои на отворено  го фрлаат  отпадот, на места каде не е дозволено, за што ТрМр во повеќе наврати пишуваше со фотографии од местата каде се фрла сметот. За илустрација летово за два месеци, од овие локации  собрани се повеќе количества отколку за цела мината година.  

Лани со чистење на дивите депонии во околината на градот беше собран отпад во количина од 1.251 м3, годинава 1.337 м3. Чистени беа и  дивите депонии на градските локации, при  што минатата  година  биле собрани 820 м3.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »