Петар Печков
Објавено: вторник, 27 февруари 2024
Во Велес за две години слеани се околу 11 милиони долари. Приходите се остварени од маркетинг и интернет услуги со САД, објави Радио слободна Европа.
Според податоците на македонската Управа за јавни приходи, за последните две години 98 лица од подрачјето на град Велес, на возраст до 35 години, пријавиле приход од САД во износ од 634.198.939 денари -повеќе од 11 милиони долари.
Како што наведуваат во одговорите обврзниците, најголем дел од овие приходи се остварени од маркетинг и интернет услуги.
Tweet |