речник контакт

За две седмици два случаи на врсничко насилство меѓу учениците во Велес

И двата настани се случиле во двор на основно училиште

Петар Печков

Со почетокот на учебната година, се јави врсничкото насилство меѓу учениците. За две седмици во Велес регистрирани два напада. И двата се во двор на основно училиште. Еве што СВР Велес соопшти за овие случаи.


Првиот беше 7 септември кога  С.З.(50 год ) од Велес пријавил дека околу 11.30 часот во Велес во кругот на основно училиште неговата малолетна ќерка била физички нападната од друг малолетник.

Вториот се случил ма 13 септември во Полициската станица Велес, В.К.(38 год) од Велес пријавила дека околу 13.35 часот во основно училиште во Велес нејзината малолетна ќерка била физички нападната од друг малолетник

Од Полицијата уверуваат дека работат на расчистување на случаите.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »