Петар Печков
Објавено: вторник, 24 февруари 2026
За десетина часа два големи дорони на автопатот коридор 10, делница Скопје – Велес. Првата се случи синоќа, околу 19ч. кога во тунелот кај Катланово, тунелот Бадар бил забележан одрон. Тој бил исчистен во 20:40 часот и сообраќајот се одвива нормално, извести Македонијапат.
Утринава од 08.40 часот поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, на 2,5 километри после БП „Детоил“ сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента во должина од 20 – 25 метри. Од 10:30 часот одронот на патниот правец А1 Катланово – Велес беше исчистен, сообраќајот се нормализираше и се одвива по две коловозни ленти, соопшти АМСМ.
| Tweet |




