речник контакт

За жител на Богданци доживотен затвор оти со нож и ножици до смрт ја бодел мајка си

На обвинетиот му се судеше за кривичното дело „убиство на свиреп начин, при семејно насилство“

Петар Печков

Доживотна казна затвор е изречена за Петар Станковски (40 год) од Богданци за убиството на мајка си, информираа од  Основен суд Гевгелија. На обвинетиот му се судеше за кривичното дело „убиство на свиреп начин, при семејно насилство“.

Пресудата е по признание на вина од страна на Станковски. Нему притворот му е продолжен до правосилноста на пресудата, која е првостепена.  Обвинетиот убиството го сторил на 11 јануари годинава во Богданци околу 21 часот а следниот ден сам се пријавил во полиција.

„Во станот во Богданци каде што живееле под закуп, мајката и синот започнале расправија околу лекувањето на обвинетиот. Во еден момент тој зел нож од кујната со кој и нанел повеќе убоди на мајката во главата и вратот. Бидејќи ножот се скршил, зел ножици и со нив продолжил да и задава убоди, па откако и тие се свиткале од кујната зел друг нож за сечење зеленчук со шилест дел со кој ја прободел во вратот мајка си. Од бројните убоди жената искрварела и починала“ – пишува во обвинението  од ОЈО Гевгелија.

АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »