речник контакт

За квалитетот на зеленчукот и овошјето во велешко

Во некои примероци на марула и спанаќ има тешки метали. Во кромидот и грозјето нема

Петар Печков

Агенција за храна ги соопшти резултати од мониторирањето за безбедноста на хранат лани. За утврдување на присуство на тешки метали, минатата година лабораториски биле тестирани 66 мостри, од кои четири биле позитивни. Од нив, од мострите земени во велешкиот регион, позитивни на кадмиум биле една мостра од марула, две мостри од спанаќ, од кои едната била позитивна и на кадмиум и на олово. 

Година дена претходно во 2017 година повторно биле земени  66 мостри се лабораториски испитани за утврдување на присуство на тешки метали и тоа во трпезно и винско грозје, компир, спанаќ и во марула, од Велешко, Неготинско и Кавадаречко. Компир е земен од Берово, Кратово и Крива Паланка.

Од испитаните, добиена е само позитивна мостра – спанаќ земен од велешкиот регион кај која е утврдена дека е позитивна на кадмиум. Земени биле и  лабораториски се испитани 24 мостри во рамки на оваа подпрограма при што не е добиена ниту една позитивна мостра.

Испитувани се кромид од Велес и неговата околина, грозје од Кавадарци и неговата околина, трпезно грозје од Велешко, пиперки од Тетовскиот регион и винско грозје од Радовишко.

Во испитувањето не е прецизирано од кој делови на велешко, се земени примероци, каде е регистрирано присуство на тешки метали во спанаќот и марулата.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »