речник контакт

За манастирот Св. Димитрија во близина на селото Степанци, Велешко (фото)

Малку позната, но убава црква со интересна приказна а непристапна поради лошиот пат

Петар Печков

Според раскажувањата манастирот во село Степанци бил мошне убав, маркантен и знаменит. Поради тешката пристапност, лош е  патот до него, малку фотографии има од објектот и црквата. Благодарејќи на Валентина Шолевска,  фото репортажа  за манастирот и интересната приказна за неговата  историја.

 Манастирот е сместен на падините од планината Мукос.

Според пишаното на манастирската зграда тој е завршен на 1-ви мај 1909-тата година а го граделе две жени од селото, баба Калина и баба Вида.  Нивните черепи се  ставени во стаклено ѕвоно, кое  се наоѓа внатре во манастирот.(види фото)

Во дворот на манастирот се наоѓа конак (фото).

Манастирската слава е на 28 август, на Света Богородица. Се мисли дека ако поминеш една ноќ под ведро небо кај овој манастир целата година ќе ти биде бериќетна и здравјето ќе ти биде добро.

Пред портите на овој манастир се наоѓа чешма (фото)

Додека погоре од манастирот, во шумата се наоѓа голем камен, низ кој има мала шуплина, налик на тунел, за кој има мислење дека ако поминеш низ него ќе имаш добро здравје цела година (фото).

благодарност за фотографиите на Валентина Шолевска 

како извор на информации користена е македонската Википедија

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »