Петар Печков
Објавено: среда, 03 април 2024
СВР Велес информираше дека за 12 часа во градот, тројца граѓани пријавиле дека биле каснати од куче.
„На 2 април во 19.30 часот во Полициска станица Велес Д.И. (71 год) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник. На 3 април во 00.55 часот во Полициска станица Велес Г.С. (25 год) од Чашка пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес во близина на гимназијата бил каснат од куче скитник. На 3 април во 07.00 часот во Полициска станица Велес М.К.(26 год) од Велес пријавила дека во близина на спортската сала во Велес била касната од куче скитник“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Tweet |