речник контакт

За обљуба на лице со попреченост, десет години затвор

Обвинетиот З.Д. бил чичко на оштетената

Петар Печков

Велешанецот  З.Д. доби десет години затвор за обљуба, кое се случи пред осум години. На обвинетиот му се судеше во отсуство, бидејќи тој  е во бегство, не е достапен на органите на прогон а пресудата не е правосилна.

Обвинетиот е чичко на оштетената која е лице со лесна попреченост. З.Д. е прогласен за виновен за кривичното дело ,, Обљуба врз немоќно лице,, . 

Настанот се случил на пладне на 9-ти ноември 2011-та година кога девојката имала 18 години  а се дознало, откако оштетената девојка завршила на гинеколошкото одделение на ЈЗУ Општа Болница Велес, поради силно крвавење и добиени повреди.   

Според пресудата  З.Д. кој е брат на очувот на девојката, го злоупотребил  заостанатиот душевен развој извршил обљуба на оштетената, нанесувајќи тешка телесна повреда, за што му е изречена казна во траење од 10 години затвор. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »