речник контакт

За осум дена, во Велес седум каснувања од куче

Каснувањата се на различни делови од градот и на различни улици

Петар Печков

Зголемен број на каснување од куче во втората половина на месец февруари се регистрирани во градот. Според билтенот кој СВР Велес го доставува до медиумите,  во периодот  20-ти до 28-ми минатиот месец, седум лица кај нив, пријавиле дека се каснати од куче. На 20-ти има две пријави за случаи на улица Андон Шурков,  на 23-ти на улица Димитар Влахов, на 24-ти два случаи на  улица Вељко Влахович и на Којник и на 28-ми  исто така два случаи, на ул. Благој Ѓорев и на ул.Благој Нечев.

ТрМр веќе претходно информираше дека минатата година поради каснување на куче   како оштета на граѓани, Општина Велес од Буџетот исплатила 2.673.481 денари. Споредено со 2019-та се бележи раст на исплатата, за  407 илјади денари, но и на број на случаи -лани имало 69 исплати за исто толку случаи а во 2019-=та имало 59 случаи.  

Од Пансионот Гиовски тим, кој со Општина Велес има склучено договор за    заловување, стручен третман и грижа на  кучињата скитници, како и на нерегистрираните  кучиња на територијата на општината,  посочуваат дека граѓаните кои биле каснати од куче скитник, не излегуваат на терен да го посочат кучето кое ги каснало.  

Граѓанското здружение „Гласот на животните“ од Велес има свој стационар, каде се згрижени околу 120 кучиња а се финансира од донации. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »