Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 јануари 2020
МВР информираше за двата пожари кои во петокот се случија во градот, на две различни локации.
На 17.01.2020 во периодот од 07.40 часот до 09.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Димко Најдов“, во куќа сопственост на В.Ј.(53) од Велес, настанал пожар, при што била опожарен дел од кровната конструкција и електричната инсталација. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Велес - пишува во соопштението ан МВР.
На 17.01.2020 околу 11.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на место викано „Козарникот“ настанал пожар во штала сопственост на И.А.(68) од Велес, при што биле опожарени дел од внатрешноста и кровната конструкција. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Велес - информираа од МВР.
Увид на местото на настанот, во двата случаи извршила увидна екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за пожарот.
Tweet |