речник контакт

За пет дена во велешко казнети 87 лица оти не носеле заштитна маска

Во истиот период во Кавадарци казнети се 54 а во Неготино 28 граѓани

Петар Печков

За пет дена 87 граѓани казнети оти не носеле заштитна маска, по јавните простори во Велес, соопшти полицијата.

Најмногу ги имало во саботата на 29-ти август 32 а најмалку во петокот на 28-ми и вчера, понеделник 31-ви по девет. На 27-ми-четврток имало регистрирано 14 лица кои ја прекршиле уредбата на Владата за задолжително носење заштитна маска  и  во неделата на 30-ти имало 23 случаи. 

Во истиот период во Кавадарци имало  54 случаи, четвртокот на 27-ми -осум, петокот на 28-ми девет, саботата 16, неделата седум и вчера понеделник 14 случаи.

Во Неготино полицијата за овие пет дена  казнила  28 лица. По денови, во четвртокот на 27-ми десет, петокот две, саботата нема изречени казни, неделата две и вчера понеделник 14 лица се казнети за не носење заштитна маска на јавен простор.

Казната за ова е 20 евра во денарска противвредност, а доколку се плати во рок од  осум дена е 10 евра или 620 денари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »