Петар Печков
Објавено: петок, 20 септември 2024
За пет месеци велешката сообраќајна полиција открила осум случаи на мотори кои предизвикувале поголема бучва од дозволеното. Ова е одговорот на поставеното прашање од СВР Велес, откако од пролетта жителите на Велес, без исклучок на било кој дел од градот, континуирано се жалат на бучавата од моторите. Неа ја има во било кој временски период од денот 24/7.
„Во периодот од април до 31 август 2024 година во Велес има одземено 5 мопеди и 3 мотоцикли за техничка не исправност – бучава“ – одговорија од СВР Велес, на поставеното прашање.
На седницата на Советот, каде се разгледуваше годишниот извештај на ПС Велес, советниците го прашаа командирот Александар Костов дали и што ќе преземе сообраќајната полиција да се сопрат пред се младите возачи со нивните мотори да не предизвикуваат толкава бучава. Одговорот беше дека сообраќајната полиција не е дел од ПС Велес но тој ќе им пренесе на колегите. Кажа дека се планирало и акција за откривање на вакви случаи, кои поради, тогашниот изборен период не била реализирана.
Tweet |