Петар Печков
Објавено: недела, 27 октомври 2024
За 14 годишнината од работата на Здружението за безбедност на планина и вода „Македонски спасител“ од Велес, тие организираа настан посветен за запознавање со дејноста на граѓанската организација. Во Младински парк, имаше спуштање по зип лајн, наменето за најмладите од градот.
„Дадовме можност на младите велешани, да можат да ужуваат бесплатно во популарниот зип лајн. Заинтересираноста е повеќе од нашите очекувања, има многу дечиња кои сакаат да го искусат тој адреналин. Можеа да се спуштаат по него деца од 4 до 12 години возраст“ – кажа Ангел Пановски, престседатал на „Македонски спасител“.
Освен спуштењето по популарниот зип лајн, присутните во Младинскиот парк имаа можност да видат дел од опремата со која располагаат членовите на ова граѓанско здружените. Тие помагаат во случаи на повредени или загубени лица во планина или на вода.
Tweet |