речник контакт

За превоз на ученици од руралните средини од велешко се плаќа висока цена, оти не сакаат да бидат сместени во Интернат

Од 220 слободни места пополнети се 135. Дел од учениците од велешко, иако живеат подалеку од 25 км и можат да ги користат услугите на институцијата, тоа не го прават

Петар Печков

Ученичкиот средношколски дом „Лазар Лазаревски“  работи со половичен капацитет. Од 220 слободни места пополнети се 135. Дел од учениците од велешко, иако живеат подалеку од 25 км и можат да ги користат услугите на институцијата, тоа не го прават. Затоа пак локалната власт плаќа висока цена за превоз на тие ученици, до нивните места на живеење.

„Колку е исплатливо локалната власт да плаќа високи сметки за автобуски превоз на ученици, кои живеат подалеку од градот 25 км а да не се сместени во домот. Зошто не се сместат таму како и другите, така истиот ќе има исполнет капацитет. Мораат да се будат рано наутро, автобусот им тргнува во 6 за да стигната навреме во училиште“ - рече Игор Смилев советник од  политичката партија Левица, на седница на Советот

Објаснувањето за оваа дилема го даде директор на велешкиот Интернат. Таму има сместено ученици од Гевгелија, Радовиш, Дојран, но не и од оддалечените села во велешко.

„Законот вели дека изборот го прави ученикот, дали ќе биде сместен во дом или ќе патува, тоа право не можеме да му го нарушиме. За да дојдат учениците кај нас, мораат да бидат запишани во некое од средните училиште во градот. Ние не сме тие што запишуваме ученици, ниту директно ги анимираме да се запишат во некое училиште“- изјави Марјан Јорданов директор на Средношколскиот интернат  во Велес.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »