Петар Печков
Објавено: четврток, 30 јули 2015
Во Станицата за трансфузиологија во Велес од почетокот на годинава до крајот на јули се собрани 1.782 крвни единици. Со ова над 90 проценти веќе е реализиран и годишниот план за крводарување.
Од Станицата за трансфузилогија информираа дека ова е резултат на крводарителите кои доброволно секој ден по десетина, па и по 15 се јавуваат во станицата да даруваат крв, како и на бројните организирани акции за доброволно дарување на крв.
Во Велешката болница нема недостиг на крвни единици, а редовно секоја недела по дваесетина крвни единици од сите крвни групи се испраќаат во Институтот за трансфузиона медицина во Скопје, а оттаму се диструбуираат во скопските клиники и болниците во земјава.
Инаку и минатата 2014 година велешките крводарители повеќе од двојно го натфрлија годишниот план со собрани 4.219 крвни единици.
Tweet |