Петар Печков
Објавено: среда, 16 ноември 2016
Се одбележа 70 години од формирањето на сојузот на слепи лица на Македонија. По овој повод во Велес се одржа квиз натпревар на кој учествуваа две екипи .
Едната беше составена од лица без оштетен вид а во втората екипа од слепи лица. Квизот имаше промотивен карактер, за да и прикаже на јавноста што значи адекватен прием на информации.
Во една од игрите на квизот беа поделени прашања во печатена форма со црн печат, каде видните лица можат д ги прочитаат прашањата а слепите не. Потоа имавме иста ситуација прашањата беа поделени во печатена форма во вид на Брајово писмо, така што екипата на слепи можеа да го прочитаат прашањето а тие од видните не. Така покажавме дека информациите мора да бидат дадени до секое лице на за него соодветен начин. За слепите лица е Брајовото писмо или во аудио формат - изјави Тони Пајдаков секретар на Здружението на лица со оштетен вид од Велес. Во Македонија има 17 вакви здруженија каде членуваат 2,5 илјади лица.
Tweet |