речник контакт

За три дена во Велес казнети 49 пешаци кои не ги почитуваат сообраќајните прописи

Вчера во третата сообраќајна акција казнети 19 граѓани

Петар Печков

Продолжуваат сообраќајните акции со кои во Велeс се контролира, колку пешаците ги почитуваат сообраќајните прописи. Или дали и колку минуваат на пешачки премин и  на зелено на единствениот семафор во градот.

„На 10-ти февруари  во периодот од 10 до 14 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават пешаците во сообраќајот. Притоа во Велес биле констатирани и санкционирани 19 прекршоци а заедно со Кавадарци и Неготино 34“- соопштија од СВР Велес.

Претходно вторникот на 8-ти февруари   во периодот од 11 до 16 часот во Велес  биле констатирани и санкционирани 16 прекршоци а вчера на 9-ти февруари во периодот од 15 до 20 часот биле констатирани и санкционирани 14 прекршоци.

Од СВР Велес најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »