Петар Печков
Објавено: недела, 26 јуни 2011
Летото почна и првите колони туристи наскоро ќе ги „преплават“ патиштата ширум Балканот, а земјите од регионот ќе ги дочекаат со различни понуди, цени и состојба на патишатата. Дописниците на „Танјуг“ од соседството проверија што туристите би можеле да очекуваат во соседните земји и на што особено да обрнат внимание кога станува збор за прописите
Хрватска
Голем број странски и српски туристи и оваа година ќе се упатат во Хрватска каде покрај чистото море и познатите градови и места ќе ги дочека помалку-повеќе истите цени како и минатата година.
Оние кои ќе патуваат со сопствен превоз во Хрватска ги чека добро оддржани автопатишта, но и за „српскиот џеп“ посебно високи патарини.
Од српско-хрватската граница до Загреб за автомобилите и помалите комбиња патарината чини околу 14 евра, додека цената за возила со приколка и поголемо комбе 22 евра. До Риека, Задар, Сплит или градови во Истра, вкупната цена на патарината ќе биде 30 евра.
Кафето на хрватското приморје чини 1,5 евро, соковите до два евра, а тие цени некаде како на Страдун во Дубровник се и неколкупати поголеми.
Кога станува збор за билетите за траектите и бродовите, хрватските медиуми пресметале дека за четворочлено семејство и автомобил за траект за Ластово треба да се плати 230 евра, што е повеќе од цената на седмодневен предсезонски аранжман во Грција или Тунис.
Во Хрватска може да се плаќа само со куни, но оваа година на угостителите и трговците ќе им биде дозволено во времето кога менувачниците не работат да примаат странска валута.
Полицијата во Хрватска стриктно ги применува сообраќајните закони и наплатува казни, па за пречекорување на брзината во зоната околу населените места се плаќа од 40 до 135 евра.
Казните од околу 70 евра им „се насмевниваат“ на оние кои не ги имаат врзано сигурносните ремени, а иста казна ќе платат и оние кои немаат седиште за деца или користат мобилни телефони во текот на возењето. За поминување на црвено светло се предвидува казна од најмалку 135 евра.
Хрватската полиција на границите ги санкционира оние кај кои ќе најде „Бенседин“ или други лекови за смирување во случај да не поседуваат докукменти кои потврдуваат дека станува збор за препишана терапија. Иако звучи банално, таквите случаеви се чести и локалните медиумии известуваат за нив.
Хрватска и Србија потпишаа Меѓународен договор за здравствено осигурување така што туристите од Србија имаат право на бесплатна итна медицинска помош со потврда која ја издава Републичкиот завод за здравствено осигурување.
Безбедносната ситуација во Хрватска е добра иако некаде се појавуваат вести за ишарани или оштетени авотмобили со српски регистерски таблички или за омаловажување на туристите. Тоа сепак се поединечни случаеви, практично занемарливи во однос на вкупниот број туристи од Србија.
МАКЕДОНИЈА И „НАЈСКАПАТА ЦИГАРА НА БАЛКАНОТ“
Охрид, Струга, Преспанско и Дојранско езеро, Крушево, манастирите Свети Јован Бигорски и Свети Наум и етно селата се најчести дестинации на туристите кои доаѓаат во Македонија.
Покрај српски туристи кој им е најомилен Охрид, во Макеоднија се очекува организирани групи од Финска, Холандија и Белгија откако амбасадорите на овие земји успеаа да направат позитивна промоција на Макеоднија во своите земји и да договорат чартер летови во текот на целата сезона.
Туристичката понуда е дополнета и со посети на винариите кои ги има десетина ширум земјата.
Туристите треба да имаат во предвид дека Македонија не е целосно поврзана со автопат, но затоа патарините се најниски во Европа, од Скојпе до Охрид за неколку патарини треба да издвоите вкупно две евра, од Скопје до граничниот премин за Грција 2,5 евра.
Низ патиштата има малку одморалишта, неколку мотели и кафетерии во состав на бензински станици.
Цената на бензинот на сите бензински станици е иста - еден литар безоловен бензин „супер“ чини 1,20 евра, додека за еден литар евродизел треба да се издвојат 1.08 евра.
На оние туристи кои одредиште им е Македонија, но и на оние кои се во транзит, треба да обрнат внимение дека казните се многу високи за сообраќаен прекршок.
Најголема казна за возење под дејство на алкохол е 500 евра, во случај возачот да одбие да направи алко-тест.
За поминување на црвено светло или за непропуштање на пешаци на пешачки премин казната е 300 евра, а за непрописно паркирање, казната се движи од 25 до 250 евра, додека за неврзан сигурносен ремен - 50 евра.
На сите поважни раскрсници и булевари поставени се и видео-камери кои ги регистрираат пркршоците.
Високи се казните и за фрлање смет на јавни површини, а туристите треба да имаат на ум и тоа дека во Македонија е забрането пушење во затворени простори и дека казните за кршење на забраната се движат од 150 до 400 евра за физичко лице.
БУГАРИЈА - БЕЗ АЛКОХОЛ и „ДОГОВОР“ СО ПОЛИЦИЈАТА
Летната туристичка сеозона почна и во Бугарија, каде се очекува и покрај кризата двојно повеќе туристи од Србија во однос на минатото лето.
Својот оптимизам туристички работници го засноваат на интересирањето кое српските туристи го покажаа на туристичките берзи во Белград, Нови Сад и Ниш, а на кои учестувале најголемите бугарски туроператори.
Главни одредишта на српските туристи и туристите од околните земји се Бургас, Созопол, Несебар, Поморје.
Кога станува збор за туристичките центри на брегот на Црното Море интересно е дека туристите, иако последните години се изградени над стотина хотели, предност даваат на приватното сместувања.
Така на пример за ноќевање во Варна, најголем град на море, треба да се издвојат од 2,5 до 7,5 евра.
Бугарите оваа година сметаат и на тоа дека голем број туристи од Србија ќе се предомислат и наместо во Грција ќе допатуваат во Бугарија, каде ситуацијата е далеку помирна отколку во Грција, а цените попристапни.
Во Бугарја во текот на минатата година доаѓале во главно организирано со автобуси а во последно врме се повеќе туристи од Србија кои доаѓаат со свои автомобили.
Доколку некој се одлучи кон Црно Море да тргне со автобус, треба да знае дека повратна карта од Ниш е 40 евра, а од Белград 50 евра.
Бугаријиа е членка на ЕУ, и посебно е потребно да се води сметка за правилата на сообраќајот, а тоа значи обврска на граничните премини да се покаже зелен картон, сообраќајна дозвола и пасош, потоа да купи вињета и да плати патарина.
Максимална дозволена брзина на буграските автопатишта е 130 километри, а од Софија до Варна има 500 километри и овие градови во поголем дел се поврзани со автопат.
Мора да се води сметка за ограничувањата, а исто така треба да се знае дека некогашните непишани правила возачот да се „договори“ со полицијата како би се изгегнало плаќањето казна, повеќе не важат.
Посебни ригорозно се санкционира возењата под дејство на алкохол.
БИХ - НЕМА АВТОПАТ, НО ИМА МОБИЛНА СООБРАЌАЈНА ПОЛИЦИЈА
Босна и Херцеговина не може да се пофали со голем број туристи, ако се одземат Сараеви и Мостар како ни со развиена патна инфраструктура.
Изградбата на автопатиштата воглавно е во фаза на проекти, а единствена наплатна рампа во цела БиХ постои на влезот, односно излезот од Сараево во правец на Зеница. Цената е едно евро.
Што се однесува до безбедноста во сообраќајот, на сила се посебно ригорозни мерки за возачите кои не ги почитуваат прописите.
Поголем број патни комуникации покриени се со видео-камери, а постојат и мобилни полициски екипи кои ги пресретнуваат и од сообраќај ги исклучуваат несовесните возачи.
Секој кој не го врзал сигурносниот ремен ќе мора да платат казна од 15 евра, а за поминување низ црвено светло 50 евра.
Покрај тоа што мораат да платат казна, возачите добиваат и казнени поени.
Текстот е превземен од Танјуг - Белград
Tweet |