Петар Печков
Објавено: петок, 20 август 2021
Продолжува вакцинацијата на граѓаните за заштита од ковид-19 и понатаму висок одѕив и редици во вакциналниот пункт во Здравен дом Велес.
Изминатите четири дена од неделава, по 500 граѓани денвно се вакцинирале, повеќето со прва доза Фајзер и АстраЗенека за лицата +60 години, или вкупно околу 1,5 илјади прва доза и 500 со втора доза Фајзер и Синовак.
Претходните три дена, вторник, среда и четврток работеше и вакциналниот пункт во спортската сала на училиштето Коле Неделковски. Таму биле аплицирани 930 вакцини АстраЗенкеа (340 вторник, 350 среда и 240 четврток) .
Со вчерашната посета на населбата Градско заврши теренската вакцинација во општина Градско, каде биле вакцинирани 158 лица со втора доза Синовак. Денес започна теренска во Општина Велес и тоа со посета на Горно Оризари, каде биле аплицирани 49 вакцини.
Продолжува и вакцинацијата по дома, оваа седмица, само денес, петок, за лица кои се болни, неподвижни или со попреченост. Денес биле вакцинирани со прва и втора доза 25 лица. Се вакцинираат и деца на возраст од 12 до 17 години, со присуство на родител, со вакцината Фајзер
Од следниот петок, вакциналниот пункт во Уред ќе работи во две смени до 19 ч. Тој ќе работи и утре, сабота од 8 до 14 ч. На 30-ти понеделник и 31-ви август вторник, ќе работи вакциналниот пункт во УЗУС, каде ќе се пушта втора доза АстраЗенека.
Tweet |