Петар Печков
Објавено: петок, 24 декември 2021
Основното музичко училиште „Стефан Гајдов“ одбележува 75 години од постоењето. Тоа е најстарото, или прво во Македонија. Поради услови со пандемијата со ковид-19, немаше свечености, концерти и одбележувања, но затоа училиштето се поднови со набавка на два нови концертни клавири, марка “Фојрих“ (Feurich).
Произведувачот е проучена, светски позната германска марка со вековна традиција, која инструменти ги произведува во Австрија. Вредноста на двата клавири е околу три милиони денари, средства добиени од Општината.
„Набавените клавири се за нас од огромно значење. Ретко се случуваат вакви нешта, за што говори во прилог дека ниту едно основно а малку од средните училишта во земјава, имаат вакви инструменти. Тие се основата на напредокот на учениците, без инструмент не може да се напредува во музиката“ - вели Светлана Ташева директорка на улиштето.
По набавката на овие два клавири веста бргу се проширила, па интерес за настап во училиштето, со концерти најавиле врвни музичари- клавиристи од Македонија.
Во ОМУ „Стефан Гајдов настава посетуваат 200 ученици од Велес, кои учат на повеќе инструменти. Од годинава, од есенва, новина се воведен е наставен предмет „народни инструменти“.
„Тоа е од големо значење, да се шири и тој вид на музика. За почеток има интерес, не е така голем, верувам дека децата не знаат дека има изучување на овие инструменти, но за почеток е доволно. Очекувам дека со годините ќе се прошири интересот“ - дополни Ташева.
ОМУ „Стефан Гајдов“ е формирано на 15 јануари 1946-та година а првиот концерт учениците го имале веќе на 31 март истата година.
Tweet |