речник контакт

За 15 месеци работа стационарот Шепа згрижил и третирал 249 бездомни кучиња од Велес

За овој период биле евтанизирани 21 бездомно куче од Велес. Од стационарот ги информираат граѓаните дека не згрижуваат мачки

Петар Печков

За петнаесетина месеци работа, регионалниот стационар за бездомни кучиња „Шепа“ во близина на Кавадарци,   згрижил 249 кучиња од Велес. Лани за 8 месеци биле  заловени и третирани 131 куче од кои 20 успешно вдомени, 10 евтанизирани и останатите се вратени.

Годинава за помалку од осум месеци  заловени биле  118 бездомно  куче од кои 11 се вдомени, 11 се евтанизирани, а останатите по третманот, согласно законските одредби, се вратени на локацијата од каде биле заловени.

Ова се бројките кои ги соопштија од локалната власт на Општина Велес. 

„Со отворањето на стационарот постепено се решава долгогодишниот проблем на граѓаните, обезбедувајќи хуман третман на кучињата од улица, но и поголема безбедност за граѓаните. Граѓаните кои сакаат да вдомат куче, можат да ја посетат веб страницата на стационарот „Шепа“ , каде се објавени сите кучиња достапни за вдомување. Регионалниот стационар „Шепа“ од почетокот на своето постоење до сега активно ги извршува своите работни задачи и ги третира бездомните кучиња“  - информираа од Општина Велес.

Стационарот беше отворен на 5 мај лани. Тој е регионален и згрижува и третира бездомни кучиња од девет општини од централниот дел на Повардарието, Велес, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Росоман, Градско, Демир Капија, Чашка, Лозово.  Може да згрижи 67 бездомни кучиња. Од стационарот ги информираат граѓаните дека не згрижуваат мачки. 

АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »