Петар Печков
Објавено: петок, 07 август 2026
Жителите од Шорка реагираат на нискиот притисок и слабиот доток на вода во домовите. Ваквата состојба била од почетокот на месец август.
„Преку ден е многу слаб дотокот, машина не можеме да пуштиме не може хигиена да одржуваме. Привкечер и подоцна скоро и да ја нема, чешмите се суви“ – вели жител на месноста Шорка.
Од ЈКП Дервен посочуваат дека причината е зголемената пторошувачка.
„Не само во Шорка туку и во високите делови на градто има проблем со водоснабдувањето. Причината е нерационаланта пторошвуачка, се полеваат бавчи, дворови, се троши ненаменски. Иако има доволно количество на вода, има осетно зголемена потрошувачка“ – одговорија од ЈКП Дервен за состојбата со водоснабдувањето во Велес.
| Tweet |




